Ekipa
15 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
РАБАТ (АА) - Агенцијата „Марок Метри“ (владина агенција), која го следи рејтингот на локалните канали во Мароко, турската серија „Прости ми“ (Beni Affet), се наоѓа на трето место меѓу најгледаните серии во земјата за време на месец Рамазан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на агенцијата се истакнува дека процентот на гледаност изнесува 70,8 отсто и дека е проследена од околу 9 милиони гледачи дневно.
Серијата во Мароко се емитува од 2011 година, синхронизирана е со марокански дијалект и е една од најгледаните на мароканските телевизии. Актерите во серијата имаат голема популарност во земјата.
Претходно во Мароко, најгледани турски серии во Мароко беа „Ѓумуш“ и „Под липите“ (Ihlamurlar Altında).