Ayşe Yıldız
31 Август 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
AНТАЛИЈА (AA) – На 55. меѓународен филсмки фестивал во Анталија кој ќе биде одржан од 29 септември до 5 октомври ќе учествуваат 55 филмови, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодинешна тема на фестифалот е „хуманост", а награда за животно дело ќе му биде доделена на познатиот турски режисер Ферзан Озпетек и турскиот актер, режисер и сценарист Џем Јилмаз, кој слави 20 години работа во кинематографијата.
Почесните награди ќе им припаднат на унгарскиот режисер Бели Тар, турскиот режисер Омер Варгиј и актерката Итир Есен.
Фимлскиот фестивал во Анталија оваа година ќе биде отворен со премиерата на филмот на иранскиот оскаровец и режисер Асгар Фахради „Сите знаат" (Everybody Knows), на која ќе присуствува и Фахради.
Во рамките на Фестивалот се одржува и Филмскиот дорум Анталија, кој придонесе кон развојот на турската кинематографија, а на продуцентите и режисерите на 50 национални проекти ќе им овозможи средба со светските професионалци.
Градоначалникот на Анталија и претседателот на Фестивалот Мендерес Турел на конференцијата за медиуми изјави дека младите луѓе од турската кинематографија благодарејќи на овој фестивал се запознаваат со светската кинематографија и со своите колеги од светот.
Турел потсети дека Филмскиот форум Анталија, кој се одржува во последните четири години во рамките на Фестивалот, ги поддржува младите луѓе кои ја збогатија националната кинематографија.
„Секоја година додаваме некои новитети. Оваа година тоа ќе биде панорама на Турција, каде ќе се прикажат избрани филмови од турската кинематографија од кои многумина беа на домашните и меѓународните фестивали", рече Турел.
Тој истакна дека во текот на јавниот оглас кој траеше од 3 до 24 август добиле 84 пријави од 26 земји, меѓу кои се Турција, Русија, Кина, Иран, Либан, Германија, Англија, Шпанија, Унгарија и Аргентина.
Наведувајќи дека во рамките на овогодинешниот Фестивал ќе биде приреден дефиле на класични автомобили, Турел изјави дека „Фестивалот родил нови фестивали".
Уметничкиот директор на Фестивалот Мајк Дауни додаде дека Фестивалот ќе биде место каде ќе се сретнат многу култури.
Стратешкиот советник на Фестивалот Мирсад Пуриватра рече дека за иднината на филмот е важно да постојат млади и заинтересирани луѓе и дека е успех што интересот е уште поголем.
Пуриватра потсети дека минатогодишна тема на Фестивалот била мигрантската криза.
„Оваа година главна тема е хуманост. Турција е држава која примила четири милиони мигранти. Очекуваме такви филмови од соседни држави. Нашата тема се поистоветува со државата", рече тој.
Најпрестижната награда на фестивалот е „Златен портокал".