Amina Zorniç
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Канадскиот поп пеач, Џастин Бибер, е запишан во Гинисовата книга на рекорди во осум категории, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неговиот четврти албум „Purpose” веќе неколку недели во целост доминира на светските топ листи.
Младиот музичар е запишан во книгата на светски рекорди бидејќи неговата најнова песна „What Do You Mean”, која на Јутјуб каналот има повеќе од 1,2 милијарди прегледи, симната е 30 милиони пати од музичкиот сервир Спотифај.
Другиот рекорд се однесува на неговиот албум кој од Спотифај е симнат 205 милиони пати.
Третиот рекорд Бибер го постави откако од декември минатата година до јули оваа, дури 17 пати бил на прво место на Билбордовата листа „Hot 100", листа на најпопуларни синглови во САД кои секоја недела ја објавува весникот Билборд.
Во истовреме на прво место на листата „Hot 100”, се најдоа и неговите песни, со што се забележа рекордот.
Неговите три песни „Love Yourself”, „Sorry” и „ What Do You Mean”, се најдоа на првите три места на британската листа на синглови.
Во Гинис регистрираа дека младиот музичар има и најмногу следбеници на Твитер, 87,3 милиони луѓе.
Исто така, Бибер има најмногу претплатници на Јутјуб кога станува збор за машки музичари. Неговиот официјален Вево канал има преку 10 милиони следбеници.