Özcan Yıldırım,Sarp Özer
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили синоќа, во вечерните часови изведоа воздушни напади врз цели на терористичката организација ПКК. Во акцијата воените авиони неутрализираа 20 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека со помош на беспилотните летала, на северот од Ирак, во областа на Хакурк, биле забележани дваесетина терористи.
Турските воздухопловни сили во областа пратиле воени авиони од типот Ф-16 и во воздушните напади биле неутрализирани 20 терористи.