БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот во Берлин со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека Турција како и секоја земја е во ситуација да ги штити сопствените безбедносни интереси, изразувајќи надеж дека во тој контекст во рамките на НАТО ќе биде надмината моменталната криза меѓу Турција и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа изрази длабоко задоволство со изјавата на турскиот премиер дека Турција е подготвена да преземе секаков напор за да бидат решени проблемите во билатералните односи со Берлин, нагласувајќи дека чекор по чекор ќе ги решаваат сите проблеми кои ги имале во текот на претходните месеци.
Таа изјави дека за време на состанокот разговарале и за обидот за државен удар во Турција, додавајќи дека е потребно во рамките на правна држава да се спроведе истрага против одговорните.
Таа нагласи дека зборувале и за прашањето за ослободување на државјаните на Германија кои се наоѓаат во притвор во Турција поради политички кривични дела.
Таа напомена дека Владата на Турција бара редовно да се исплатува парична помош која Европската унија (ЕУ) претходно ја вети за сириските бегалци во Турција.
Таа истакна дека на Јилдирим му дала ветување дека во рамките на ЕУ ќе разговараат за прашањето исплата на Турција на ветените 3 милијарди евра како и додатни 3 милијарди евра.
Канцеларката го нагласи значењето на оддржувањето на односите со Турција, зачувувањето на заедничките вредности и јакнење на билатералните односи.
Јилдирим кој се наоѓа во еднодневна работна посета на Берлин, во обраќањето на новинарите изјави дека е многу важно да се зачува пријателството на Германија и Турција.
„Секоја одлука која ќе ја донесеме ќе израдува или ќе растажи над три милиони наши граѓани кои живеат тука. Мораме да мислиме и на нив. Мораме да мислиме и на пријателството на Германија и Турција. Наша примарна задача е нашите билатерални односи да ги развиваме во позитивна насока. Меѓу останатото, сојузници сме и во НАТО “, изјави Јилдирим.
Тој истакна дека Турција очекува поголема поддршка од пријателите во борбата против терористите.
„Нашиот сензибилитет за прашањето на односите на Турција и Германија е многу јасен. ПКК е терористичка организација, како и ПЈД/ЈПГ. Поточно, ЈПГ е огранок на ПЈД/ПКК во Сирија. Истото го смета и Велика Британија, како и американската разузнавачка служба. Затоа како и да се викаат, целта на овие терористички организации е да го загрозат мирот во регионот и да предизвикаат нови проблеми. Очекуваме поголема поддршка на нашите пријатели во борбата против терористите", рече Јилдирим.
Тој нагласи дека Турција со бегалците од Сирија длабоко се сочувствува и го дели лебот.
„Проблемот на бегалците не е само наш проблем, ниту е проблем кој го произведуваме ние. Не сме ние тие кои ги започнаа овие проблеми. Ние само ги сносиме последиците. Ние не ја почнавме војната во Сирија. Исто така, не го започнавме ниту мигрантскиот бран од таа земја. Но, прифативме 3,5 милиони луѓе кои бараа спас. Со нив делиме леб. Целиот свет знае што правиме, и затоа нашиот образ е чист", рече Јилдирим.
news_share_descriptionsubscription_contact
