Merve Yıldızalp
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега неутрализирани се 2.960 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека, од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега, се неутрализирани 2.960 терористи.
Турските сили и Слободната војска на Сирија утринава во продолжение на операцијата „Маслинова гранка“ од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ го ослободија и стратешки важното место Кафр Џене, кое се наоѓа во близина на центарот на Африн.

Кафр Џене е последна голема населба на патот кон центарот на Африн, а со неговото ослободување турските сили воспоставија контрола и над важни патни комуникации.
Во екот на напредувањето на турските сили и стегањето на обрачот околу центарот на Африн, терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ се концентрираат во центарот на градот во кој од околните места донесоа и цивили за да ги користат како жив штит.
Во соопштението на Генералштабот на турската Армија се наведува дека продолжуваат воздушните и копнените операции во северозападниот дел на Сирија, во подрачјето на Африн, започнати на 20 јануари, со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ.