Sinan Uslu
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговараа за хуманитарната драма во Источна Гута како и за други случувања во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, во текот на разговорите е нагласено дека доставата на хуманитарна помош на цивилите во Источна Гута е од огромно значење.
Исто така се согласија дека е многу важно страдањата во Источна Гута да престанат што поскоро.
Нагласено е дека заедничките напори на Турција, Русија и Иран се многу важни за потполно спроведување на примирјето во Источна Гута.
Силите лојални на режимот на Асад од 19 февруари убија 824 цивили во Источна Гута, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да порасне со оглед дека нападите во тој регион и понатаму траат.
Источна Гута е под контрола на сириската опозиција, а регионот е под потполна опсада на режимските сили веќе речиси шест години.