Anees Suheil Barghouti
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинските власти порачаа дека без нивната поддршка ќе биде осуден на пропаст блискоисточниот мировен план кој американскиот претседател Доналд Трамп го најави како „Договор на векот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските медиуми јавуваат дека Трамп најавил оти наредниот месец ќе откријат детали од таканаречениот „договор на векот“, а портпаролот на палестинската Влада во Рамала, Набил Абу Рудеина, порача дека за успех на процесот е неопходна целосна поддршка од палестинската страна.
„Мирот може да биде постигнат со праведно и сеопфатно решение базирано врз резолуциите на ОН, кои предвидуваат независна палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град“, порача Рудеина.
Нагласувајќи дека независната палестинска држава мора да биде почеток и крај на секој мировен план, Рудеина предупреди дека обидот за заобиколување на Палестинците ќе донесе само поголеми тензии во регионот и светот.