СКОПЈЕ (АА) - Џихад Алиу
Заменик ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ), Шенер Билали, вели дека обидот за државен удар извршен на 15 јули минатата година во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО бил обид за државен удар подготвен и планиран во различни кујни.
Во разговор за Anadolu Agency (АА), Билали вели дека ноќта на 15 јули и за Турците во Македонија била „долга ноќ“ и таа ноќ биле многу тажни, додавајќи дека во турската историја долга две илјади години не се случило такво предавство.
Според него, обидот за државен удар извршен на 15 јули во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО бил државен удар подготвен и планиран во различни кујни.
„Тоа беше удар подготвен во заедничка кујна на меѓународни сили, супер сили, европските земји, а можеби и во некои држави кои не сме можеле да замислиме“, вели Билали.
Истакнувајќи дека вистинската цел на државниот удар бил да се запре Турција, која, според него, расте, се развива и зајакнува, Билали нагласува дека во последните 10-15 години Турција претставува алтернативен модел за светот.
Во меѓувреме, говорејќи за алтернативниот модел кој го нуди Турција во времето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Билали вели:
„Ова не е само една политичка алтернатива. Тоа е алтернатива на угнетените, алтернатива на Истокот за Западот. Алтернатива, која, како што вели претседателот, 'светот е поголем од пет'. Алтернатива, каде што капиталистичките компании во економијата не може да предводат. Државниот удар беше наменет за да ја спречи оваа алтернатива, која ќе го охрабреше, ќе го воздигаше и ќе го вратеше кон својата форма исламскиот свет. Тоа не беше удар само врз едно лице или претседателот, туку удар против целиот свет, бидејќи Турција во последните 10-15 години е модел за светот. Тоа навистина беше опасен удар. Фала му на Бога, не се реализираше. По државниот удар, Турција зајакнувајќи се, продолжува по својот пат“.
- „Оваа структура е отров и вирус“
Билали понатаму нагласува дека ФЕТО е структура која е присутна во Македонија и во другите балкански земји, додавајќи дека таа се крие зад сцената на различни области, како што се туризмот и образованието.
Билали, кој оваа структура ја квалификува како отров и вирус, вели дека вирусот мора да се запре, пред да се претвори во гангрена.
Тој вели дека поради тековната политичка криза во Македонија во последните две-три години, свесно или несвесно оваа структура не можело да се отстрани.
„Всушност, ова искуство, кое го доживеа во Турција на долг рок, може да го направат и во Македонија. Моето лично мислење е дека ако тоа не се запре на правен и вистински начин, Македонија може да има проблеми на долг рок. Овие проблеми не мора да се сфатат како државен удар. Неприфатливо е да го доведат во заблуда муслиманското население во Македонија повикувајќи се на образование и да ги манипулираат со свои зборови повикувајќи се на 'служба'. Ова не влијае само врз Турците, Албанците и Бошњаците, туку, на долг рок влијае и врз Македонија“, смета Билали.
- „Опасна за секоја држава“
Како што истакнува Билали, овој вид на структура претставува опасност за сите земји. Тој додава дека таа не опасна само за Турција, Македонија и балканските земји, туку и за светот.
„Иако во последното време САД има тенденција да го игнорира ова, на долг рок, ова ќе претставува опасност за САД. За жал, откриени се многу документи дека ги финансирале кампањите на американските претседатели“, нагласува Билали.
Билали, исто така, зборуваше за отстранувањето на оваа опасна структура.
„Турција прави се во рамки на правото и нејзините закони Владата која ќе биде избрана во Македонија, треба што е можно поскоро да седне и да разговараа со Турција и да ја вклучува оваа организација во нејзините закони. Ако Турција ја прогласила оваа структура како терористичка организација, тогаш треба да се земат правилните оправдувања и да се прилагодат на законите на Република Македонија. Од друга страна, Македонија ќе ги внесе нив во категоријата на терористичките организации. По внесувањето во оваа категорија, државните единици, тајната служба, министерствата за внатрешни и надворешни работи, сите механизми на државата ќе развијат стратегија за борба против нив. Оваа стратегија ќе ја развие земјата и ќе ги следи движењата на структурата на меѓународната сцена, додека со Турција може да се воспостави заедничка комисија, и на овој начин ќе има континуирана размена на податоци“, смета Билали.
Според Билали, резултатите од активноста на оваа организација не влијаат само врз земјата, туку и меѓу младите луѓе.
„Претседателот многу добро ги категоризираше. Нивната база е ибадетот, на средина доаѓа трговијата, а на врвот предавството. Ако нашите деца поминат низ овие категории и се качуваат во категоријата на предавството, тогаш ќе исчезне една генерација“, вели Билали.