Burcu Arik
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Одземањето на турското државјанство на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, нема да создаде пречка за неговото испорачување од САД во Турција, изјави денес министерот за правда, Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на владата којашто официјално беше објавена вчера, Турција ќе го поништи државјанството на 130 лица доколку тие во рок од три месеци не се вратат во Турција и не се соочат со обвиненијата против нив. На листата на Министерството за внатрешни работи исто така се наоѓа и Фетула Ѓулен, кој стои зад минатогодишниот јулски обид за државен удар во кој загинаа 250 лица.
Зборувајќи за новинарите во Парламентот во Анкара, Боздаг рече: „Турција го задржува правото да му суди на Ѓулен под сите околности и за разрешувањето на ова право не може да се зборува. Тоа (одземењето на државјанството на Ѓулен) не претставува пречка за негово испорачување и привремено апсење“.
Тој истакна дека Турција нема да се откаже од своето барање Ѓулен да биде испорачан од САД во Турција.
Главна агенда на односите меѓу Турција и САД сега претставува привременото апсење на лидерот на ФЕТО и неговото враќање во Турција.
„Ние порано или подоцна ќе го вратиме лидерот на ФЕТО во Турција и ќе го изведеме пред суд“, додаде министерот.
Лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, е обвинет формирање на вооружена терористичка организација, како и за организирање на неуспешниот обид за државен удар.
ФЕТО исто така се товари за водење долготрајна кампања со цел да се собори власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.