Övünç Kutlu
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го смени од функцијата советникот за национална безбедност во Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп и Мекмастер се договориле советникот да поднесе оставка.
Исто така е нагласено дека Трамп побарал Мекмастер да остане на оваа функција до половината на наредниот месец, а Мекмастер прифатил.
Кога станува збор за новоименуваниот советник за национална безбедност, се дознава дека на местото на Мекмастер ќе биде именуван поранешниот амбасадор на САД во Обединетите нации, Џон Болтон.
Трамп му се заблагодари на Мекмастер за сѐ што сторил за САД.
Иако претходните денови во медиумите стана збор за заминувањето на Мекмастер од Белата куќа, портпаролката Сарах Сандерс ги негираше овие наводи.
Болтон ќе биде третиот советник за национална безбедност во Белата куќа во досегашните 14 месеци од мандатот на Трамп.
Мекмастер дојде на местото на сменетиот Мајкл Флин.