Eşref Musa
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ИДЛИБ (AA) - Во воздушен напад врз пазар во местото Харем во градот Идлиб во Сирија загинаа 42 цивили, а ранети се 72, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Цивилната заштита на Идлиб Мустафа ел-Хај Јусуф за АА изјави дека нападот е изведен во вечерните саати.
Истакна дека бројот на загинатите цивили е зголемен на 42, а на ранетите на 72.
Додаде дека единиците на Цивилната заштита се распоредени на терен за да пружат помош на ранетите.
Сириската опозиција преку социјалните мрежи наведе дека нападот го извеле руските авиони.
„Руските воени авиони, кои полетаа од базата Кмеимим, изведоа напад на местото Харем", се наведува во пораката.
Во воздушните напади врз населените подрачја во Идлиб и Хама само во текот на минатите две седмици загинаа 98 цивили, а ранети се 134.
Советот за безбедност на Обединетите нации во одлуката донесена на 24 февруари бараше воспоставување на хуманитарно примирје ширум Сирија, првенствено во Источна Гута.