Ekipa
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
КИЛИС (АА) - Припаднциите на Слободната сириска армија во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” ја презедоа контролата врз селото Кеклиџе од ДАЕШ, кое од турската граница со Сирија е оддалечено околу три километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од воени извори, турските вооружени сили, според планот, продолжуваат со акцијата под кодното име „Штитот на Еуфрат” која е започната рано утринава со цел неутрализирање на терористичките елементи на ДАЕШ во северниот дел на Сирија. Продолжуваат нападите со воени авиони и со хаубиците „Бура”.
Опозициската сириска слободна армија презеде контрола над селото Кеклиџе, кое се наоѓа пет километри западно од сирискиот регион Џарабулус, во покраината Алепо. Контролата над селото ја презедоа со придружба на оклопните единици.
Слободната војска на Сирија влезе во центарот на Кеклиџе, додека истовремено е формиран и безбедносен обрач околу селото.