Bekim Laci
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Два дена по полициската акција во која беше уапсен професорот од Економскиот факултет во Скопје, врз основа на обвиненијата за земање мито од страна на студентите, преку прес-конференција и Јавното обвинителство ги презентираше своите ставови, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавната обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Лидија Раичевиќ, во својата изјава рече дека можеби денешната конференција задоцнила, но додаде дека јавноста треба да ја знае процедурата за апсењето на универзитетските професори со цел да се разјаснат нејаснотиите во врска со обвинувањата дека акцијата ја прекршила автономијата на Универзитетот.
"Законот за високо образование го содржи членот 14, ставот 1 според кој просториите на Универзитетот се неповредливи, но ова поглавје е отстапка кога полицијата и другите државни органи ќе се соочат со ситуација во која е извршено кривично дело или се има за цел спречување на некое дело, тогаш полицијата може слободно да влезе во службените простории. Во други ситуации, тие треба да го известат Ректорот", рече таа, додавајќи дека автономијата не значи дека може да се вршат прекршоци.
Обвинителката изјави дека истрагата започна во 2015 година, но недостатокот на материјални докази го зголемија времето на истрагата до обезбедување на докази за она поради што професорот на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, беше запрен на паркингот на Универзитетот и кај кого беа најдени 1.000 евра.
Таа рече дека обвинителот не може да знае кога и каде може да се изврши едно кривично дело, но објасни дека во овој случај кога делото е сторено, јавниот обвинител нареди во рок од 30 минути од извршувањето на делото да се примени акција за приведување на лицето и обезбедување докази.
Раичевиќ ја пофали работата на надлежните органи, кои според неа во многу краток временски период го обезбедиле предвидените материјални докази против обвинетиот, објаснувајќи дека конфискуваните евра на професорот биле претходно заведени во полицијата.
"Организацијата на акцијата заслужува пофалба, а не критика. Ниту едно од основните човекови права не се прекршени за време на полициската акција ", рече и додаде дека судијата на претходната постапка на пет главни осомничени во акцијата "Еразмус" им ја наметна мерката за нивно одземање на паошите како и нивно редовно пријавување во надлежните органи.
Јавното обвинителство досега обезбеди докази за поткуп во износ од 2.800 евра.
Во понеделникот, полицијата на Универзитетот Свети „Кирил и Методиј” уапси петмина професори од Економскиот факултет, под сомнение за примање мито од студенти во замена за оценки.