Sayed Khodaberdi Sadat
10 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
КАБУЛ (АА) - Двајца високи официјални претставници на Обвинителството се убиени во вооружен напад во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот во Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА изјави дека вооружени напаѓачи убиле двајца шефови на административните оддели на Обвинителството во таа покраина.
Хогјани изјави дека официјалните претставници се убиени на местото на нападот, а дека убијците се во бегство.
Истрагата за атентатот е во тек, а досега никој не презеде одговорност за тој напад.
Ова е втор напад врз официјални претставници на Обвинителството во Авганистан, во изминатите три дена. Во неделата во Кабул беше убиен обвинител.