Ekipa
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Режимот на Башар Ал Асад ја негира одлуката за прекин на огнот и продолжува со нападите врз Источна Гута, којашто ја држи под опсада. Од воздух се забележува како во моментите на присилно иселување од Источна Гута, мал број цивили на своите мотоцикли и возила товарат облека и го напуштаат подрачјето што е претворено во „град на урнатини“.
Дронот на Аnadolu Аgency (AA) забележа кадри од населбата Арбин во Источна Гута.
На снимките од неколку квартови во населбата Арбин може да се забележат луѓе што ја товарат својата облека на мотоцикл, автомобил или камионет и влегуваат во колоната што го напушта градот.

На снимките се забележуваат станови кои претрпеле големи оштетувања и уништени прашливи патишта.
Внатрешноста на становите чии надворешни ѕидови се целосно уништени, се гледа од терасите. На терасите се забележуваат резервоари со вода и панели за сончева енергија.

На една од терасите има облека закачена на жица.
На видеоснимките во одредени квартови се забележуваат домовите за живеење коишто се целосно уништени и џамии кои се целосно или делумно уништени.
Единствениот објект кој не е оштетен во нападите е еден декоративен базен изграден на кружен тек.

Како резултат на преговорите реализирани под гаранции на Русија, на 22 март започна задолжителната евакуација од населените места во Источна Гута: Хареста, Арбин, Земелка и Ајн Терма.
Евакуацијата во подрачјето на Хареста заврши, а во другите подрачја сè уште е во тек. Досега над 11.000 лица во 4 конвои го напушитија подрачјето, додека подрачјето на Дума, во кое одвреме-навреме сѐ уште се вршат напади, засега не е вклучен во рамките на договорот.