Ekipa
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Каталонските надлежни служби за сообраќај објавија дека демонстрантите поради апсењето на Карлес Пучдемон, поранешниот лидер на Каталонија, ги блокирале автопатиштата и патиштата во северниот шпански регион, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сепаратистичкиот политичар е во притвор во Германија, каде што ја чека одлуката на судот по шпанското барање за негово испорачување.
Регионалната сообраќајна служба на Каталонија наведува дека демонстрантите во Фигерас го блокирале главниот автопат низ источна Шпанија, во близина на границата со Франција, како и националниот пат меѓу Тарагона и Валенсија. Демонстрантите, исто така, денес предизвикале проблеми во сообраќајот во центарот на Барселона.
Во овој момент мала е веројатноста германскиот суд да ја донесе одлуката за Пуџдемон пред 1 април. Судот во Шлезвиг официјално ќе одлучи за пред екстрадицискиот притвор и дали испорачувањето на Пучдемон е прифатливо.