Sarp Özer
11 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, се состана со неговиот руски колега, Сергеј Шојгу, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар го пречека со воена церемонија неговиот руски колега, Шојгу, кој на негова покана допатува во посета на Анкара.

По интонирање на химните на двете земји, Шојгу ја поздрави почесната гарда.
Потоа, Акар и Шојгу преминаа на средба на која е присутен и претседателот на турското разузнавање МИТ, Хакан Фидан.