Vesna Besiç
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
САРАЕВО (AA) - Во Султанска улица во Загреб утрово е активирана рачна бомба, а повредено е едно лице, потврдено е за Anadolu Agency (AA) од Полициската управа на Загреб.
„Денес на 31 август, нешто после 7 часот, непознат сторител во Султанска улица активираше најверојатно рачна бомба. Полесно е повредено едно лице (минувач), а повеќе автомобили се оштетени. Следува увид", порачаа од полицијата.