Halit Süleyman
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку 12 цивили се убиени, а 22 се ранети во воздушен напад на руските авиони на дел од сирискиот град Алепо, кој е под контрола на опозициските сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната одбрана во Алепо, Абу Ибрахим Лејс, за АА изјави дека руските авиони бомбардирале населен дел од Алепо по име Тарик Ал-Баб кој го контролира сириската опозициска војска.
Според зборовите на Лејс, во нападот загинаа 12 цивили, меѓу кои има жени и деца, а ранети се 22 лица. Ранетите се префрлени во блиските болници.
Додаде дека во текот на воздушните напади е урнат голем број на стамбените објекти а во некои од нив дојде и до пожар.
Русија воздушните напади ги започна на 30. септември минатата година. Иако акциите се најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските абиони гаѓаа и упоришта на умерената сириска опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо. Потоа на 14 март 2016 година, донесена е одлуката за намалување на воената присутност во Сирија. По привременото примирје постигнато на 27 февруари Русија во голема мерка ги запре нападите.