Alma Çekovic
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во Соединетите Американски Држави денес се одржуваат претседателските избори на кои 230 милиони регистрирани гласачи ќе одлучуваат за избор на нов претседател, наследник на Барак Обама, по долгата претседателска кампања која започна пред повеќе од една година, јавува Anadolu Agency (AA).
Oд 230 милиони регистрирани гласачи, најверојатно 150 милиони ќе ја извршат граѓанската должност на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД).
Американците денес ќе го изберат 45. претседател и 48 потпретседатели. Еден од четворицата кандидати ќе се пресели во Белата куќа. Демократите ги претставува поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, републиканците бизнисменот Доналд Трамп, либералите Гери Џонсон, а Зелените Џил Стеин.
Според последните анкети предност има кандидатот на демократите Хилари Клинтон, која би можела да стане првата претседателка на САД. Истражувањето на јавното мислење на "Selzer & Co", покажува дека Клинтон е во водство за три процентни поени во однос на Трамп (44-41).
Ширум САД ќе бидат распишани и референдуми, а гласачите ќе избираат и гувернери на одредени сојузни држави.
На предвременото гласање одржано во неколку сојузни држави гласаа околу 40 милиони Американци.
Победата во одредена држава одредува како ќе гласаат членовите на изборниот колегиум, тело кое всушност го избира претседателот на САД, составено од 538 членови. За еден кандидат или кандидатка да стане претседател на САД мора да има апсолутно мнозинство, односно поддршка од најмалку 270 членови.
Покрај тоа, ќе биде избран и составот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој има 435 пратенички места.
Ќе се бира и третина од составот на Сенатот, односно 34 сенатори.
На кампањата на сите кандидати кои учествуваа во предизборната трка се потрошени околу 2,5 $ милијарди долари.
Клинтон на кампањата потроши 610 милиони долари, додека Трамп потроши 285 милиони. Таа на телевизиските реклами и на рекламите на социјалните мрежи потроши 157 милиони долари, а Трамп 44 милиони.
Покрај тоа, во предизборната кампања на Клинтон учествуваа 4.200 лица, а во кампањата на Трамп 880 лица.
Исто така Клинтон за време на кампањата донираше 687 милиони долари, а донациите на Трамп се проценети на околу 307 милиони долари.