Diyar Güldoğan
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 припадници на терористичката организација ПКК се убиени во антитерористичките операции од страна на турските безбедносни сили во последните 24 часа, во југоисточната турска покраина Хакари, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека 11 терористи се „неутрализирани” во антитерористичките операции во Хакари, и дека притоа е запленето големо количество оружје, вклучувајќи и пет калашникови.
Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Хакари, која се наоѓа во пограничниот појас на турската граница со Иран и Ирак, денеска најави дека вечерва на полноќ на сила ќе стапи полициски час во областа Јуксекова во која терористичката организација ПКК ги интензивираше своите активности.
ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција а се наоѓа на листата терористички организации и на Соединетите Американски Држави и Европската унија. Тоа е организација која претставува закана за безбедноста во Турција веќе три децении, а нивните терористички активности повторно се интензивираа од јули минатата година.
Турските безбедносни сили кон крајот на минатата година започнаа опсежна антитерористичка операција во кој загинаа најмалку 290 припадници на турската војска и полиција, а неутрализирани се повеќе илјади терористи.