Erdoğan Çağatay Zontur
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - „Европската Унија се согласува со амандманот од Велика Британија, со кој се бара клаузулата за разграничување да биде заменета со алтернативни договори“, изјави денес Мишел Барние, главниот преговарач за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
ЕУ: За Договорот за Брегзит нема повторно да се преговара
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, пред состанокот на координативната група за Брегзит во Европскиот парламент изјави: „Институцијата ЕУ останува обединета и ние се држиме до договорот за кој преговаравме со Велика Британија, никогаш против Велика Британија.“
Координаторот за Брегзит во Европскиот парламент, Гај Верхофштат, рече: „Долниот дом (на британскиот Парламент) гласаше против сценарио без договор.“
Тој додаде: „Постои можност да се разговара за тоа (клаузулата за разграничување) за идната поставеност.“
Верхофштат, исто така, рече дека граничната линија (со Северна Ирска) е еден вид осигурување со што се избегнува физичката граница помеѓу Северна Ирска и Република Ирска.
Вчера, британскиот Парламент го усвои амандманот со кој Британија треба да бара „алтернативни договори“ со Европската Унија.
Британската премиерка, Тереза Меј, соопшти дека постои начин преку кој може да се добие значително и одржливо мнозинство во Парламентот за напуштање на ЕУ со договор.
Амандманот бара разграничувањето со Северна Ирска да се замени со алтернативни договори, со цел да се избегне поставување физичка граница, поддржувајќи го напуштањето на ЕУ со договор.
Граѓаните на Велика Британија одлучија да ја напуштат ЕУ по повеќе од 40 години членство, на референдумот во 2016 година.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март.