Gökhan Kurtaran
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Претседателката на Конфедерацијата на британски индустријалци (CBI), Каролин Ферберн, соопшти дека британските компании забрзано се подготвуваат за сценариото за излез на Велика Британија од Европската Унија без постигнат договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ферберн во писменото соопштение наведе дека напнатоста и загриженоста меѓу бизнисмените во Велика Британија е дополнително интензивирана за време на вчерашните дискусии и гласања во Парламентот на таа земја.
„И покрај тоа што мнозинството во Парламентот ја поддржа советодавната препорака против Брегзит без договор, тоа не значи дека тоа сценарио повеќе не е можно“, наведе Ферберн.
Истакнувајќи дека и понатаму е извесно дека по излезот на Велика Британија од ЕУ ќе биде подигната граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска, Ферберн предупреди дека британските компании не би можеле да управуваат со ситуацијата во случај на Брегзит без договор за идните односи на Лондон и Брисел.
Референдумот за излез од Европската Унија во Велика Британија се одржа во јуни 2016 година, а оттогаш ЕУ ги запре инвестициските програми и голем број британски компаии се принудени своите активности да ги селат во други земји.
Последен пример е компанијата „Дајсон“ (Dyson), којашто се смета за светски бренд во производството на домашни апарати, која го премести седиштето во Сингапур. Компанијата најави дека за две години во продажба ќе пушти нови електрични автомобили.
Британската компанија „P&O“ веќе 182 години се занимава со поморски транспорт, а минатата недела најави дека ќе ја откаже регистрацијата на сите пловила во Велика Британија и ќе ги пријави на Кипар.
И технололошкиот гигант „Сони“ одлучи да го префрли седиштето од Лондон во Амстердам.