Felix Nkambeh Tih
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
АНКАРА (АА) - Локалните белгиски медиуми објавија дека белгиската полиција денес уапси маж кој се обидел да се вози кон група луѓе во градот Антверпен, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Антверпен изјави дека инцидентот се случил околу 11 часот изутрина по локално време.
Возилото возело со голема брзина во правец на трговскиот центар во Меир - голема пешачка зона.
Војниците се обиделе да го пресретнат возачот, но автомобилот, регистриран во Франција, забрзал на семафорот и се упатил кон пристанишното подрачје на градот.
Во близина на пристанишното подрачје Синт Мишиелс возилото е пресретнато од страна на безбедносните сили. Возачот е уапсен, и нема повредени.
Телевизијата РТБФ објави дека лицето веќе ѝ било познато на полицијата за поседување на забрането оружје.