Ekipa
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција објави дека мостот Вестминстер е повторно отворен за помалку од 24 часа по нападот што се случи вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Познатиот мост над реката Темза беше затворен вчера, откако неидентификуван напаѓач со возило прегази пешаци, а потоа се заби во оградата од зградата на британскиот Парламент.
Подоцна, со нож тој му нанесе фатални повреди на полицаецот што беше на должност пред Парламентот, по што беше убиен од страна на полициските службеници.
Фреквентниот мост е позната станица за туристите кои бараат пригодно место од каде што можат да направат селфи во близина на зградата на британскиот Парламент и Лондонското око.
Терористичката група ДЕАШ преку својата информативна агенција Амак објави дека напаѓачот во Лондон бил борец на ДЕАШ.
Во нападот загинаа четири лица, вклучувајќи го и напаѓачот.