Hasan Esen
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел се одржаа протести во знак на поддршка за бегалците, а демонстрантите ги критикуваа членките на Европската Унија (ЕУ) што не прифатија бегалци во оној број колку што ветија, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот за надворешни работи на ЕУ денес во Брисел расправаше за теми од безбедноста, одбраната и миграциите. За време на состанокот, група демонстранти изразија поддршка за бегалците.
Демонстрантите упатија критики за тоа дека 160.000 бегалци од Италија и од Грција не се сместени во други земји. Насобраните демонстранти, кои носеа фотографии од бегалците и транспаренти на коишто беа испишани пораки за поддршка, од земјите-членки и од институциите на Унијата бараа да ги исполнат дадените ветувања.
„Во 2015 година беше дадено ветување дека бегалците од Грција ќе бидат сместени во други земји. Откако се затворија границите, бегалците останаа во Грција. Холандија тогаш вети дека во рок од две години ќе прими околу 4.000 бегалци. Ги следиме вестите, но гледаме дека владата не го исполнува ветувањето“, изјави еден демонстрант од Холандија.
Минатонеделниот извештај од Европската комисија покажува дека од 160.000 бегалци во Италија и во Грција, само 13.500 се преместени.