Ekipa
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
АНКАРА (АА) - Терористичкичката организација ПЈД/ПКК соопшти дека нема да го напушти сирискиот град Мунбич, кој се наоѓа на западниот брег на реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
По минатонеделното соопштение за плановите на Руската Федерација и на Соединетите Американски Држави во врска со Мунбич, односно поместувањето на режимските сили и силите на опозицијата во областа, со писмено соопштение се обрати „Воениот совет на Мунбич“, параван на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Според соопштението, ПЈД/ПКК ќе продолжи да дејствува во градот и во неговата околина.
Во соопштението се истакнува дека Мунбич нема да биде препуштен на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Асадовите сили ќе бидат позиционирани помеѓу силите што дејствуваат во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ и припадниците на ПЈД/ПКК. Сепак, договорот со режимот ќе овозможи заштита на ПЈД/ПКК од налетот на силите што дејствуваат во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
Мунбич се наоѓа на 30 километри од турската граница, а во јули 2012 година, контрола над таа област воспостави опозицијата. Сепак, градот во јануари 2014 година премина во рацете на терористичка организација ДЕАШ.
Минатата година, ПЈД/ПКК со помош на Соединетите Американски Држави успеа да го ослободи градот од ДЕАШ. Вашингтон ѝ даде ветување на Турција дека ПЈД/ПКК ќе го напушти градот веднаш по преземањето на Мунбич, но тоа не беше исполнето.