Белград: Отворен 60. Меѓународен саем на книгата
Меѓународниот белградски саем на книгата, на кој ќе се претстават повеќе од 450 излагачи од Србија и странство, отворен е денеска за посетителите.????? ????????
25 Октомври 2015•Ажурирај: 26 Октомври 2015
Белград
Љубителите на книгата од денеска се во можност да го посетат љубилејниот 60. Меѓународен саем на книгата, на кој, со свои изданија ќе се претстават повеќе од 450 излагачи од Србија и странство, јавува Anadolu Agency (АА).
Земја почесен гостин оваа година е Русија, која на почесниот штанд ќе го презентира своето книжевно наследство и издавачката продукција.
Руската федерација, за време на сајмот ќе се представи и низ промоции и саемска програма, каде ќе учествува со своите автори, предевувачи, издавачи, дистрибутери, ќе има изложби, а ќе организира и посебна “тркалезна маса“ на која ќе се дебатира за преведување. Освен Русија, оваа година ќе се претстават и излагачи од Франција, Босна и Хереговина, Иран, Црна Гора, Јапонија, Белорусија, Хрватска, Велика Британија, Германија, Шпанија, Германија, Италија, Кина, Бразил, Ангола, Индија, а по прв пат ќе има излагачи и од Романија и Азербејџан.
Новина на овогодинешниот сајам на книгата е тоа што за прв пат ќе биде организиран Фестивал на творештво на млади автори а кој ќе бидат претставени дела од ликовната,музичката, сценската и филмската уметност, чии автори се помлади од 30 години.
Саемот на книгата, оваа година се одржува под слоганот “Што би било кога не би било“ ќе трае осум дена, а ќе биде затворен во недела на први ноември.