Fatjon Cuka
27 Септември 2016•Ажурирано: 28 Септември 2016
ТИРАНА (АА) - Процесот на интеграција на Албанија во Европската Унија е тесно поврзан со реформите и со трансформацијата на економскиот и општествениот живот во земјата. Патот кон ЕУ ќе биде долг и тежок, оцени албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бушати во говорот пред учесниците на Летното европско училиште, меѓу останатото, зборуваше и за спроведувањето на Договорот за стабилизација и придружување (ССП), внатрешната координација на политичките актери и за улогата на Собранието на Албанија во процесот на европските интеграции.
„Сметам дека Албанија немала големи проблеми кога станува збор за спроведувањето на ССП. Начинот на спроведување генерално беше позитивен, но секогаш е подобра внатрешната координација, која денес е најпотребна“, изјави Бушати.
Шефот на албанската дипломатија оцени дека токму внатрешните политички проблеми направиле Албанија да изгуби време во процесот на европските интеграции.
Тој исто така нагласи дека е потребна поодлучна улога на албанското Собрание, особено на Советот за европски интеграции, кога станува збор за преговарачките поглавја со Европската Унија.
„Потребна ни е силна динамика на реформскиот процес, процесот на политички компромис, со што помаку реторика Овој процес тесно го поврзуваме со реформите, со напредокот на демократизацијата и со трансформацијата на економскиот и општествениот живот. Верувам дека нашиот пат ќе биде долг и тежок, а не краток и лесен“, истакна Дитмир Бушати.
Статусот на кандидат за членство во ЕУ Албанија го стекна во средината на 2014 година.