Jeyhun Aliyev
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул започна Саемот за одбрана кој собра учесници од сите делови на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот SAHA EXPO 2018 се фокусира на најновите технологии, системи и производи, развиени од домашната одбранбена индустрија.

Говорејќи на отворањето на Саемот, турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, истакна дека Саемот има стратешко значење за Турција.
Нагласувајќи дека многу производи сега се произведуваат локално, Варанк додаде: „Во последните 16 години, Турција ја зголеми промоцијата на домашните производи од одбранбената индустрија од 24 на 65 отсто.“
Тој истакна дека речиси 3.000 полупроизводи во вредност од 30 милијарди долари се увезени, но како што нагласи, се прават напори за изнаоѓање локално произведени замени за нив.
Варанк додаде дека Министерството, заедно со Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (TUBITAK), значајно придонесе во доменот на истражувањето и развивањето на производи од полето на одбраната.
Тој исто така потенцираше дека Министерството, заедно со ТУБИТАК, води Програма за мотивирање на научниците кои се иселени од Турција, да се вратат во својата земја.
На Саемот, кој треба да се одржува двапати годишно, изложени се производи од полето на одбранбената индустрија, поморскиот сектор, воздухопловната и вселенската индустрија.