Aişe Hümeyra Bulovalı
14 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Македонските музички уметници Исмаил Лумановски и Џамбо Агушев со неговиот оркестар, одржаа концерт во Истанбул во рамките на „7. Меѓународен кларинет фестивал“, јавува Anadolu Agency (AA).
Концертот се одржа во концертната дворана „Џемал Решит Реј“ во Истанбул. Македонскиот мајстор на кларинет, Лумановски, на бината ѝ се заблагодари на публиката за посетата и го изрази своето задоволство што е дел од „7. Меѓународен кларинет фестивал“.
„Прекрасно е задоволството да се свири во оваа сала. Таа е многу убава и за мене е многу посебна“, рече Лумановски.
Музичките уметници од Македонија свиреа балканска музика со голема енергија во себе. Концертот траеше околу два часа, а Лумановски и оркестарот на Џамбо Агушев отсвиреа вкупно 15 песни, меѓу кои „Етно сфера“, „Salsa de Balkana“, „Flamenco Balkano“, „Crazy Horse“ и компилација од песни.
На крајот од концертот, турската пејачка со потекло од Косово, Сузан Кардеш, во придружба на Лумановски и оркестарот на Џамбо Агушев ги отпеа балканските песни „Звезда тјера Месеца“, „Чичо, чичо“ и „Шукарије“.
Во рамките на „7. Меѓународен кларинет фестивал“ под слоганот „Истанбул дише“, за 15 јули е закажан концертот на еден од најпознатите балкански музичари во светот, босанскиот пејач Горан Бреговиќ на отворениот театар „Харбије Џемил Топуз“ во Истанбул.