Emre Aytekin
05 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Малезиската полиција го лиши од слобода Исмет Озчелик, уште еден од водачите на терористичката организација ФЕТО во таа земја, поради закана за националната безбедност на Малезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Озчелик е трет член на терористичката организација ФЕТО кој оваа недела е уапсен во Малезија. Претходно од слобода беа лишени Тургај Караман и Ихсан Арслан, исто така поради закана за националната безбедност, а против нив е започната и истрага поради поддршката на терористичката организација ДЕАШ.
Како што објави малезискиот дневник „Star Malaysia“ (Стар Малезија), Озчелик е лишен слобода вчера, околу 17.30 часот по локално време, додека бил во придружба на неговиот син Сухејл Озчелик и на уште едно лице чиј идентитет не е објавен.
Од слобода е лишен во акција на полицијата, по пресретнувањето на автомобилот со кој патувал.
Мухамед Фузи Харун, шеф на одделот за специјални намени на малезиската полиција, ја потврди информацијата за апсењето на Озчелик.
Озчелик во декември минатата година поминал 50 дена во притвор поради конфликт со малезиските цариници.