Sinan Uslu
08 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во борбите во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ беа неутрализирани деветмина терористи, припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вчерашните борби во северниот дел на Сирија беа неутрализирани деветмина терористи.
Според соопштението на Турските вооружени сили, продолжува операцијата во северна Сирија, која започна на 24 август, со цел да се елеминира опасноста од терористичките организации, почнувајќи од ДЕАШ, да се зголеми безбедноста на границите и да им се даде поддршка на коалициските сили.
Во борбите на 107. ден од операцијата беа неутрализирани деветмина припадници на терористичката организација ДЕАШ, а исто така беше уништено и едно нивно оклопно возило.
Од почетокот на операцијата до денес, во областите исчистени од терористичката организација ДЕАШ беа уништени 42 мини и 2.008 рачни експлозиви.