Ahmet Sait Akçay
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи денес излезе со соопштение дека тројца турски градоначалници се разрешени од должноста поради поврзаност со терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалниците на Кајапинар и Јенишехир во турската област Дијарбакир, Мехмет Али Ајдин и Селим Курбаноглу, како и градоначалникот на Чукурџа во областа Хакќари, Сервет Тунч, се разрешени од функциите.
Тие се товарат дека се членови на терористичка организација, а претходно беа притворени како дел од истрагата за тероризам.
ПКК, која е на листата на терористички организации од Турција, САД и од ЕУ, во јули 2015 година ја продолжи својата децениска кампања против турската држава.
Оттогаш загинаа повеќе од 300 цивили и речиси 800 лица од безбедносниот персонал. Околу 8.000 терористи на ПКК се неутрализирани.