Adham Kako
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави дека во Сирија минатиот месец произволно се притворени 529 лица, повеќето од нив од страна на режимот на Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот за месец ноември објавен од страна на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) пишува дека минатиот месец во земјата произволно биле притворени најмалку 529 лица.
Во извештајот на Мрежата стои дека минатиот месец силите поврзани со режимот на Башар ал Асад притвориле 368 лица, од кои 22 деца и 24 жени.
Поголемиот дел од притворените е од страна на режимот се млади лица кои го потпишаа „помирувањето“ во регионите кои беа под контрола на власта, лица од северниот дел на земјата и лица кои се вратија од странство на местата што се наоѓаат под контрола на режимот.
Во извештајот се наведува дека терористичката организација ЈПП/ПКК на окупираните територии притворила вкупно 107 лица, од кои 9 деца и 3 жени. Исто така се наведува дека терористичката организација планирала да ги вооружи младите под присилба.
Терористичката организација ДЕАШ, пак, притворила 9 лица, од кои 1 дете. Во истиот тој период опозициските воени сили и вооружените групи против режимот притвориле 45 лица, од кои 2 се деца.
За 11 месеци притворени се 7 илјади 126 лица.
Во извештајот се нагласува дека поголемиот дел од произволните приведувања во Сирија се извршени од страна на силите на режимот. Во периодот јануари - ноември оваа година, низ целата земја, практикувајќи го истиот начин, тие затворија 7 илјади 126 лица.
Според извори на сириската опозиција, во затворите на режимот лежат најмалку 500.000 лица.