Ekip
10 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Една од водечките светски организации за заштита на мигрантите процени дека рекорден број од 41,3 милиони лица се раселени во своите земји, од кои многу беа принудени да го напуштат подрачјето на судирите, насилството и внатрешната напнатост во неколку африкански држави и во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Норвешкиот совет за мигранти (NRC) соопшти дека глобалниот извештај за раселените од нивниот Центар за следење на интерно раселување (IDMC) покажа дека во 2018 година вкупниот број е зголемен за повеќе од милион лица.
„Рекордниот број е резултат на повеќегодишното циклично и долготрајно раселување, како и високото ниво на нови раселувања во период меѓу јануари и декември 2018. Центарот за следење на интерно раселување (IDMC) во 2018 година забележа 28 милиони нови интерни раселувања поврзани со судири, насилство и природни катастрофи. Од тој број екстремните временски настани се одговорни за 17,2 милиони нови раселувања поврзани со катастрофите“, наведоа од NRC.
Извештајот, кој денес е објавен во ОН во Женева, се однесува на интерно раселените лица, а не на мигрантите кои мораа да ги напуштат своите земји.