Besar Ademi,Cuneyt Davut
26 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ГОСТИВАР (АА) - Во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), стотици граѓани се собраа во центарот на градот Гостивар со цел да ја изразат поддршката за турскиот народот и за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – поради обидот за државен удар кој се случи на 15 јули, од страна на припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраните граѓани во центарот на Гостивар прочитаа молитва за загинатите жртви во обидот за државен удар. Тие истакнаа дека Турција е предводена од легитимна и демократска власт и дека никој не треба да се осмели да дејствува против волјата на народот.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, рече дека на овој обид за државен удар, чија цел беше да се загрози стабилноста на Турција, турскиот народ му го даде потребниот одговор. „Со борбата за демократија и заштита на државата, турскиот народ напиша една нова историја и оние што ја предадоа волјата на луѓето и нивната земја во најкус можен рок треба да одговараат пред лицето на правдата“, рече тој.
Од друга страна, турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, рече дека турската држава и турскиот народ ќе продолжат да ја чуваат народната волја, демократијата, како и правната држава.
„Работата на турската држава против актите со цел поткопување на единството, интегритетот, просперитетот, спокојството и мирот, ќе продолжи со посветеност и одлучност“, изјави тој.
Студент од Гостивар кој магистрирал во Анкара, Фатмир Исмаили рече дека ваков вид предавници како што се овие во Турција, има и во Македонија.
„Со гордост потврдувам дека Турците, заедно со сите други сограѓани во Македонија отсекогаш биле и ќе продолжат да бидат на страната на Турција“ рече тој. На митингот организиран во знак на поддршка на турскиот народ и турската држава, освен граѓаните на Гостивар, присутни беа и претседателот на Агенцијата за развој и координација (ТИКА), Теоман Тирјаки, како и други претставници на турските институции и невладини организации во Македонија.