Furkan Naci Top
09 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
АТИНА (АА) - Грчкиот Парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, што е последната фаза во процесот на стапување во сила на Договорот за промената на името, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на гласањето, од вкупно 294 присутни пратеници, 153 гласаа за протоколот, додека 140 беа против.
Протоколот го поддржаа пратениците на владејачката СИРИЗА и центристичката партија Потами, додека против беа опозициската партија Нова демократија и партијата Независни Грци (АНЕЛ).
Одлуката на грчкиот Парламент претставува последен чекор во процесот на стапување во сила на договорот за помена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас по гласањето им се заблагодари на сите пратеници кои го поддржаа протоколот.
„Верувам дека и покрај заканите и уцените, со ова ја исполнивме нашата патриотска должност“, рече Ципрас.
Лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, истакна дека мнозинството граѓани се против договорот за името на државата, што го нарече „национален пораз“.