Amina Zorniç
20 Октомври 2016•Ажурирано: 20 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - Делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија денес престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на Министерството за одбрана на Република Македонија предводена од министерот Зоран Јолевски свечено е дочекана во Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина во Сараево.
Македонскиот министер го дочека министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш со делегација.
Во тек е состанокот на Јолевски и Пендеш после кој ќе им се обратат на медиумите.