Barış Gündoğan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, според извештаите на повеќе меѓународни организации е одговорна за масакри на над 500 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа терористичка организација продолжува со спроведување на политиката на етничко чистење и присилно раселување на Арапите, Туркмените, Курдите и Језидите од подрачјата кои ги контролира во северна Сирија.
Терористичката организација ПЈД/ЈПГ, која изврши голем број злосторства, континуирано беше поддржувана од странските сили кои свесно затвораа очи пред оваа терористичка организација и пред кршењето на човековите права под изговор за борба против тероризмот. На оваа организација ѝ е испраќано оружје за да се заплашуваат сириските Курди, Арапи, Туркмени и останатите жители.
Како пример може да се наведе Сириската организација за човекови права која објави извештај во јануари 2016 година, во кој се истакнува дека припадниците на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во областите кои ги контролираат спроведувале етнички чистења, насилно земање на млади во своите редови и насилно иселување на жителите во другите краишта. Во тој период, како што е наведено во извештајот, ПЈД/ЈПГ уби најмалку 407 цивили, од нив 51 дете и 43 жени, кои биле измачувани.
Организацијата за следење на човековите права (HRW) во јуни 2014 година, во извештајот наведе дека терористичката организација ПЈД/ЈПГ над лицата кои ги сметале за политички противници спровдувала грабежи, убиства, кои често се изведувале против членовите на партијата Сириска Курдска демократија (PDKS).
Терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК власта ја основа на хаос, а според извештаите, изврши многу егзекуции на челниците на сириската опозиција. Терористичката организација ПЈД-ЈПГ започна со спроведување на егзекуции во октомври 2011 година кога е убиен член на сириската опозиција чие мнозинство го сочинуваат Курдите. Со атентат е убиен нивниот иден лидер Мишел Темо.
Терористичката организација, која заедно со режимот спроведуваше погубувања, наиде на голема реакција кај Курдите во Сирија. ПЈД-ЈПГ по овие погубувања продолжи да ја напаѓа опозицијата. Лидерот на племенските заедници, Абдула Бедро, и лидерот на Сириско-Курдската демократска партија, чие седиште е во Алепо, исто така се убиени во атентати на терористите на ПЈД-ЈПГ.
Терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК која контролира одредени области во Сирија, често, со цел присилно да регрутира нови членови и да ја задржи власта, спроведува насилство над народот во тие области, најчесто над жените и децата.
Во извештајот кој го објави организацијата Сириска мрежа за човекови права (SNHR) во јануари 2016 година, а се однесува на периодот од 2011 до 2016 година, се наведува дека припадниците на терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК убиле 42 жени. Во извештајот, исто така се наведува примерот на Тарфе Халиле ел-Хасуде, чиј маж го убиле терористите на ПЈД/ЈПГ/ПКК, а потоа се обиделе да го закопаат во нивната штала. Бидејќи Тарфе Халиле ел-Хасуде ги видела како го прават тоа злосторство и таа била убиена. Во извештајот се наведува и дека од октомври 2014 година до 2015 година од Африн во редовите на ПЈД/ПКК присилно се регрутирани 88 жени, чија состојба подоцна е непозната.
ПЈД/ЈПГ е терористичка организација која своите терористички акции ги спроведува во Сирија, ги користи децата како борци и ги става во своите први редови.
Според меѓународното право уште од 1949 година, кога станува збор за закони и обичаи на војување, забрането е децата да се користат како борци.
Во извештајот на комисијата од ОН, објавен на 16 август 2013 година, стои дека во Африн и Хасеке се користени женски и машки деца на возраст од 12 години како војници на ПЈД/ЈПГ.
Извештајот на ОН наведува дека децата од 14 до 17 години се користени на контролни точки и во првите борбени редови, на местата каде се водени борби.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без судири им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Тој стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат помеѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-те години води терористичка кампања против Турција.