Levent Tok,Ömer Koparan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АЗЕЗ (AA) - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили (ТСК) и Ослободителната војска на Сирија (FSA) го ослободија селото Бак Убаси од терористичката организација ПЈД/ПКК, северно од Африн, јавува Anadolu Agecy (AA).
Турските вооружени сили и Ослободителната војска на Сирија започнаа акција во утринските часови во подрачјето Буљбул и во селата околу него.
Во тековната акција, од терористите на ПЈД/ПКК е ослободено селото Бак Убаси, во подрачјето Буљбул, северно од Африн. Со ова, стратешките патишта на терористичката организација од северниот дел на Африн беа блокирани.
На 12-тиот ден од операцијата „Маслинова гранка“, ослободени се 25 точки од терористите, од кои 19 села, едно подселско населено место и 5 стратешки планински или ридски области.
Турските вооружени сили и Ослободителната војска на Сирија во претходните фази од операцијата ги ослободија селата Шенгал, Зехран, Бали Ќој, Курни, Хај Оглу, Хефтар, Урса и Ќурдо подселско населено место во подрачјето Буљбул, селата Едаманли, Али Беки, Билал Ќој, Омер Ушага, Мамел Ушага, Сулејман Халил, Сати Шаги и Алкана во подрачјето Раџу, 915-то и 740-то брдо, во подрачјето Шејх Хадид, ридот Шејх Хадид и селото Кара Митлак, во подрачјето Џиндерес селото Хамам и ридот Мерсидес, и во подрачјето Шеран планината Бурсеја и селото Кастел Џундо.