Sibel Kurtoğlu
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се неприфатливи новите ограничувања кои Израел ги воведува на муслиманите за влез во џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во источниот Ерусалим, кој од 1967. година е под израелска окупација, на 14. јули дојде до немил настан поради кој и ние изразивме жалење. Израел потоа ја затвори Ал Акса на три дена, и започна да воведува ограничувања за влез во оваа џамија, вклучувајќи ги и детекторите за метал. Такво нешто е неприфатливо", порача претседателот Реџеп Таип Ердоган.