Sinan Balcıkoca,Büşra Nur Özcan
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
БУРСА (АА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Турција, Хакан Чавушоглу, денеска во Бурса изјави дека блокирањето на џамијата Ал-Акса во Ерусалим е проблем за целиот исламски свет, и дека овој проблем може да се реши ако исламскиот свет биде единствен, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во Бурса ја коментираше ситуацијата во Ерусалим, односно интервенциите и нападите од страна на израелската Полицијата во џамијата Ал-Акса.
„Џамијата Ал Акса, за нас има посебно значење. Она е многу чувствително место не само за Турција, туку и за целиот исламски свет. За жал Израел веќе долго време во оваа област продолжува да го шири тероризмот", рече Чавушоглу, додавајќи:
„Минатата блокада на влезат во џамијата Ал-Акса, и оневозможувањето извршување на петочната молитва, се работите за кои сите земји од исламскиот свет треба детално да размислат. Тоа е наш проблем и на целиот исламски свет", рече Чавушоглу.
Израелските безбедносни сили во понеделникот, по четири дена ја укинаа забраната за влез во стариот град на Источен Ерусалим, но силните тензии во регионот сеуште постојат.
За време на интервенцијата на израелската полиција во последните неколку дена беа повредени стотици Палестинци, а некои од нив се во критична состојба.
Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петокот до понеделникот, а израелските сили во неделата и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал.
Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата.
Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.