İlhan Toprak
10 Ноември 2016•Ажурирано: 10 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во среда имаше телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и во таа прилика му ја честиташе победата на вчерашните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од извори од Кабинетот на турскиот претседател, во текот на разговорот Ердоган му ја честиташе на Трамп победата на претседателските избори во САД и му посака успех во вршењето на функцијата претседател на САД.
Ердоган потсети дека Турција и САД се сојузници кои соработуваат на темелите на взаемното почитување, заедничките интереси и заедничките вредности. Претседателот Ердоган исто така изрази уверување дека билатералните односи помеѓу Турција и САД во престојниот период ќе бидат уште поцврсти.
Ердоган и Трамп изразија решителност во јакнењето на билатералните односи и соработката во борбата против тероризмот, како и решавањето на регионалните и глобалните проблеми.