Çiğdem Pala,Semra Orkan,Halil İbrahim Başer,Kenan Irtak
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва на гала вечерта во Конгресот на Меѓународното здружение на правосудните органи на Високиот управен суд, рече дека правдата е, секако, нешто што најмногу недостасува во денешниот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Свесни сме дека во текот на минатиот век во светот е постигнат значителен напредок во многу области. И покрај сите иновации и напредок, како и револуција на полето на технологијата, за жал, светот не стана поправедно и помирно место, дури и не може да стане", рече Ердоган.
Тој истакна дека во Сирија секојдневно се бомбардираат градови и се убиваат невини луѓе со најсовремено оружје, додека, како што рече, многумина се обидуваат да избегаат од земјата погодена со војна.
„Во Турција досега само по морски пат пристигнаа 110.000 бегалци. Иако ваквите сцени треба да ја разбудат совеста на човештвото, институциите кои се одговорни за глобалната правда се наоѓаат во голема блокада. Затоа ние често велиме дека светот е поголем од пет земји, со цел да го насочиме вниманието кон неправдата во структурите на Советот за безбедност на Обединетите нации ", рече турскиот претседател.
На крајот тој истакна дека најголема закана за човештвото би била доколку правдата се претвори во едни празни зборови без смисла.