Yıldız Aktaş
10 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
МОСКВА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Мосвка, откако беа потпишани низа билатерални договори помеѓу Турција и Русија, истакна дека очекува Русија во потполност да ги отстрани ограничувањата во врска со односите со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Очекуваме Русија во потполност да ги острани ограничувањата во врска со односите со нашата земја. Само на тој начин ќе биде можно да ја оствариме целта од 100 милијарди долари трговска размена за која претходно говоревме. Имавме трговска размена од 38 милијарди долари, а по овие последните случувања падна на 17 милијарди долари. Сега ова ќе го надополниме и верувам деќа така ќе го спречиме губитокот. Оваа година посебно сакаме да оствариме рекорд во областа на туризмот. А во оваа прилика ги повикувам руските пријатели во нашата земја", рече Ердоган.
Се осврна и на последните случувања во Сирија, нагласувајќи дека сите страни треба да работат искрено и посветено за да преговорите во Женева вродат со плод.
„Потребно е сите страни, првенствено режимот, да работат искрено, за да преговорите во Женева вродат со плод. Конечно мора да биде сфатено дека со терористичката организација не може да биде елиминирана друга терористичка организација. Терористичките организации како што се ДЕАШ, ПЈД, ЈПГ и ел-Нусра, секогаш беа против нас. Никој не треба да го доведува во опасност територијалниот интегритет на Сирија и нејзиното национално единство", рече Ердоган.
На крајот изрази сочуство до семејствата во хеликоптерската несреќа во Истанбул во која смртно страдаа и четири руски државјани.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека наскоро ќе бидат укинати сите рестрикции кон Турција.
„Наскоро следува укинување на сите речки на турските фирми и турските државјани во Русија. Донесовме политичка одлука и таа во најскоро време ќе биде применета", рече Путин.