Merve Yıldızalp,Emin İleri
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
АНКАРА (АА) – Заменикот на генералниот директор на Турската радио телевизија (ТРТ), Ибрахим Ерен изјави: „Емитувањето на ’ТРТ ворлд’ до крајот на годината, освен преку сателит, ќе биде дистрибуирано и преку платформите. Треба да се направи различна дистрибуција според секоја држава. За таа цел, формиравме добра екипа. Ова ни дава брзина и цена“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерен даде изјава за АА во врска со активностите и проектите на „ТРТ ворлд“. Тој истакна дека каналот има најголема меѓународна дистрибуција и оти имаат добра соработка со „Турксат“.
Тој пренесе дека од „Турксат“ сакаат да ја пренесат дистрибуцијата на „ТРТ ворлд“ во светот со сателитите и операторите и додаде оти во рамките на соработката, „ТРТ ворлд“ може да се следи во 190 држави преку 11 сателити.
Ерен потсети дека најдистрибуиран канал во светот е „Би-би-си“, и дека и „ТРТ ворлд“ ќе може да се следи од секаде во светот.
- „Дистрибуцијата ќе порасне до крајот на годината“
Ерен понатаму посочи дека штотуку започнале со активностите за емитување на каналот насекаде во светот. Притоа тој истакна дека дистрибуцијата е скапа работа, но оти се прават обиди при дистрибуирањето да не се заостане зад конкурентите, така што се држи соодносот на трошоците и додаде дека до крајот на годината ќе порасне моменталната дистрибуција.
„Каналот ’ТРТ ворлд’ до крајот на годината нема да се емитува само преку сателит, туку ќе биде дистрибуиран до платформите. Треба да се прави различна дистрибуција според секоја држава. Диструбуирањето во светот, пак, е експертска работа. Поради ова, формиравме добра екипа. Ова ни дава брзина и цена“, истакна Ерен.
„Бојата на каналот, идентитетот, начинот на кој работи и наративниот стил, кои се според светските стандарди, нѐ прави среќни и ни ја олеснува работата“, продолжува тој.
Во однос на државите во кои се емитува каналот, Ерен рече дека за цел ги имаат државите каде што се зборува англиски јазик и дека Европа, Азија и Африка се приоритетни континенти. Исто така, тој додава дека во прв план за соработка се државите со кои Турција има соработка во сферата на културата.
- „На крајот од 2017 година ќе се комплетира нашата структура и дистрибуцијата“
Директорот на одделот за вести во каналот „ТРТ ворлд“, Фатих Ер во врска со целите што ги имаат за 2017 рече: „Оваа година се концентрираме на дистрибуцијата. Од Нова година започнавме со кабелско и сателитско емитување во дел од Европа. Од втората половина на 2017 година, ќе започнеме со емитување во останатиот дел од Европа и подалеку – Источна Азија. Во текот на оваа година сакаме да ја комплетираме нашата структура, особено во Лондон, Вашингтон и во Сингапур. На крајот од 2017 година ќе се комплетира нашата структура и дистрибуција“.
Според Ер, ова е голем успех за кратко време. „Ова истовремено е показател на ’гладот за вести на пазарот’, бидејќи вестите постојано доаѓаат од еден центар. ‘ТРТ ворлд’ стана алтернативен глас на овој регион, откако започна да известува претежно локално. Направивме добри работи во Сирија, Мосул и во Африка. Од друга страна, добри работи направивме од Палестина – Ерусалим и од Балканот, пренесувајќи различна агенда на светската јавност. Започнавме да пренесуваме поразлични вести од регионите“, вели тој.
Ер понатаму рече дека тоа што „ТРТ ворлд“ е првиот канал што го објави првиот притисок за време на обидот за државен удар од 15. јули, ја покажува важноста на каналот. Тој пренесе оти упадот во телевизијата пучистите го направиле мислејќи дека ќе го затворат меѓународниот глас на каналот и ќе успеат во ударот.
- „Нашата темелна мисија е да го објавиме нечуениот глас на угнетените“
Директорот за емитување на каналот, Ресул Сердар Аташ, рече дека во моментов, „ТРТ ворлд“ има четири центри за емитување, како и канцеларии во десетици главни градови, и рече оти каналот од април ќе биде во етерот во сите платформи во глобална смисла.
Тој исто така пренесе дека во текот на 2017 година, покрај колапсот на населението на светско ниво, како канал ќе ги следат и другите региони и додаде: „Во текот на 2017 година, целта на нашите три канали што се емитуваат во глобална смисла, е да стигнеме до интензивно емитување и уредувачка моќ, во 2018 и понатаму имаме за цел да бидеме забележителни. Во моментов постојат одредени канали што доминираат на овој пазар. ‘Си-ен-ен’, ‘Би-би-си’, ‘Ал џазаира’ и други. На крајот на краиштата, ова е отворен пазар и треба да следиме кој актер како се однесува на овој пазар, а тоа и го правиме. Основната цел на ‘ТРТ ворлд’ е преку оригинален и човечки јазик да го пренесеме до глобалната јавност скриеното лице на приказните, односно, нашата темелна мисија е да го објавиме нечуениот глас на угнетените“.