Sibel Kurtoğlu
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по Самитот на лидерите на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка, денес во Истанбул порача дека со овој историски самит уште еднаш се покажа дека Кудс не е препуштен сам на себе, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Верувам дека со овој историски самит уште еднаш покажавме на целиот свет и на носителите на одлуки, дека Кудс не е препуштен сам на себе“.
Тој додаде дека судбината на Кудс не може да се остави на рацете на една земја која се храни со крв.
Турскиот претседател денес во Истанбул порача дека човештвото заедно со 1,7 милијарди муслимани потврди дека ја одбива одлуката на американската администрација во врска со статусот на Кудс.
„Целото човештво, заедно со исламскиот свет од 1,7 милијарди лица, уште еднаш потврди дека ја одбива одлуката на американската администрација“.
Тој најави продолжување на борбата за Кудс, заедно со меѓународните партнери, врз основа на законите и легитимноста.
„Заедно со сите наши меѓународни партнери ќе ја продолжиме нашата борба за Кудс врз основа на законот и легитимноста, сѐ додека американската администрација не ја повлече погрешната одлука и сѐ додека да заврши израелската окупација“.