Burak Dağ
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
АДАНА
Безбедносните сили денес во јужна Турција приведоа пет осомничени лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичката полиција во Адана изврши операција за откривање на активностите на терористичката организација и за приведување на нејзините членови.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.